Тик Так и Зорка
Тик Так и Зорка водат утринска програма на Радио 2. Зорка беше трудна, Тик Так замина некаде далеку ама по игра на нештата, по скоро цела година пауза, повторно се заедно. Сезона 9 само што започна со еден куп нови работи и секако, со неизбежното присуство на АИ!
Вторник, 1 Јули
Send us a text
Тик Так и Зорка денес во поинаков Вторник, зборувавме за животот на круз и ситните букви кои никој не ги чита. Каква беше свадбата на Џеф Безвесос? Ќе успее ли Тик Так да ги погоди сите предизвици кои му ги даде Зорка? И каква беше реализацијата на казните и предизвиците? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Понеделник, 30 Јуни 2025
Send us a text
Дали после одмор треба уште два дена одмор за да се одмориме од одморот? Како Зорка за малце ќе останеше радиска вдовица и кој го доби понеделничкиот предизвик? Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Петок 20 Јуни
Send us a text
Ретро петок со нов предизвик за Тик-Так. Кој победи овој пат?
Четврток, 19 јуни
Send us a text
Денес денот го почнавме со фокус и порака до универзумот "Време е да се збогатиме". Масажа, танц и смеење како алатки до подлабок џеб.
И денес музички квиз! А кој победи? Ако пропуштивте, преслушајте овде.
Среда, 18 Јули
Send us a text
Зорка со предизвик за Тик-Так - Дали ќе погоди 7 од 14 песни од неговата младост!. Резултатот ќе ве шокира!
Вторник, 17 Јуни
Send us a text
Ова утро, Тик Так и Зорка го посветија Вторникот на плажа, релаксација и уживање. На која боја ве асоцира личноста која е спроти вас? И како да изгледаш зафатено на работното место, дури и кога не си? Дали храната која ја посакуваш, открива каква емоционална нестабилност носиш со себе? Што пропуштивте, преслушајте овде
Понеделник, 16 Јуни
Send us a text
Понеделник со безброј неодговорени прашања. Конечна реализација на Викенд на Мртовци во Холивуд стајл. Сите се спремаме да одиме на море и плажа, а за каде се спремаат тие што живеат на море и близу плажа? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Четврток, 12 Јуни 2025
Send us a text
Ова утро Тик Так и Зорка си замислуваа колку убаво и корисно би било ако имаме за користење Mental Health days. Како би изгледал совршениот тим билдинг? И кој е најубавиот град во Европа за викенд со другар/другарка? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Среда, 11 Јуни
Send us a text
Ова утро Тик Так и Зорка ова утро ви ги посочија бројките на облеката и како да распознаете кој број е за вас. На кому би му ѕвонеле, ако знаете дека ако не крене ќе добиете 50.000 евра? И што би кажала Вашата банкарска сметка ако може да зборува? Се што пропуштивте, преслушајте овде
Четврток. 5 Јуни
Send us a text
Денес се беше во знакот на нашето детство, од музиката па до сеќавањата на тоа како се растеше без интернет и мобилни телефони. Дали родителските техники од 80тите денес би биле критикувани? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Вторник, 3 Мај
Send us a text
Денес беше доста истересно!
Понеделник, 2 Јуни
Send us a text
Ова утро ја најавивме онлајн изложбата на Тик Так, која наскоро ќе може да ја погледнете. Која социјална мрежа најмногу ја користите и зошто и како ви ѕвони телефонот? И кој се најуникатните македонски имиња за бебиња кој сигнализираат дека бебето е родено во богато семејство? Што се пропуштивте утринава, преслушајте овде.
Четврток, 29 Мај
Send us a text
Во денешното кратко ама слатко дружење со Тик Так и Зорка, по повод авионското патување на Тик Так, се потсетивме на најчестите патници кои ги среќаваме во авион, македонски пилот и стјуардеса. Подготвени за полетување?
Се што пропуштивте, преслушајте овде
Среда, 28 Мај
Send us a text
Тик Так и Зорка ова утро ви прикажаа како можеби можеше да звучи Македонска Крвава Свадба, доколку беше снимана во Холивуд. Научивме 5 нови зборови и нивното значење, но и ги мотивиравме мажите преку помошта во домот да ги намалат вишокот килограми. Што пропуштивте денес, преслушајте овде
Вторник, 27 Мај
Send us a text
Ова утро го анализиравме односот меѓу брачните другари Макрон, но и се запрашавме, како би изгледале филмските блокбастери ако беа снимени, продуцирани и изрежирани кај нас? Ако марсовците се зелени, какви ќе бидат жителите на Нептун или Венера? И колку дијагнози ќе успее да погоди Зорка?
Се што пропуштивте, преслушајте овде
Понеделник, 26 Мај
Send us a text
Ова утро со Тик Так и Зорка, неделата ја почнавме со понеделничка демотивација за мотивација. Што кога рамото за плачење може да стане бизнис? И зошто чајната кобасица се вика чајна?
Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Четврток, 22 Мај
Send us a text
Ова утро, додека облаците натежнаа над главниот град, а слушателите ни цртаа сонциња за расположение, Тик Так не отпеа против малери. Чиј Чат ГПТ е подетален при предвидување на кафе? Ќе успее ли Зорка да го надмудри Тик Так во 10те брзи прашања за да добие предизвик? И како звучи Зорка како македонска верзија на ГПС? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде.
Среда, 21 Мај
Send us a text
Денес ве едуциравме бескрајно. Започнавме со 10те прашања на Тик Так кон Зорка, а завршивме со финансиска писменост. Како би звучеле рекламите за кредити ако беа брутално искрени? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Вторник, 20 Мај
Send us a text
Како да препознаеш Македонски милионер? Зорка повторно претстави три вести - дали Тик Так успеа да открие која е лажна. Што би кажале нашите познати пеачи ако се во некоја чудна ситуација- ама со стих од сопствената песна.
Што пропушти утринава, сумирано во 30 минути.
Понеделник, 19 Мај
Send us a text
Понеделник без струја, ама со желба за убаво утро. По снабдувањето на кофа струја на Тик Так, успеавме да направиме утринска во која се изнасмеавме со солзи. Каков филм би била нашата земја? И што би рекле пеачите ако работат во администрација? Каков е профилот на луѓето што растат и негуваат долго нокте на малото прсте?
Што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Четврток, 15 мај
Send us a text
Ова утро Тик Так и Зорка, правеа пресметки, како би било неделата да има уште еден ден- 8ми- Себник. Демотивациска мотивација и предизвикот на Зорка во кој Тик Так одлично се снајде. Две нови рубрики во кои ќе ги пресметуваме нашите способности, фантазијата и памтењето кои ќе ги обожавате, но и ќе ве изнасмеат.
Се што пропуштивте, преслушајте овде
Среда, 14 Мај
Send us a text
Денес, имаме мотивација за демотивација. Зорка прави тест за да дознаеме дали е урочена или не, плус ги анализираме сите подзаборавени поводи за да не се оди на работа. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Вторник, 13 Мај
Send us a text
Тик Так и Зорка денес додека ви го претставија CVто на Вторник, ви раскажаа за демотивацијата за мотивација. Каков е Вторнк како ден? И дали повеќе сакате некој што работи и крпи крај со крај или некој што не работи, а има? За што се согласија дека не се согласуваат Тик Так и Зорка? Што пропуштивте, преслушајте овде.
Понеделник, 12 мај
Send us a text
Утринава, нова серија на модерни збороби кои треба да и ги објасниме на баба и три професии кои треба да им се објаснат на деца на возраст од 3-5 години, плус коментар од Кекел за името на новиот Папа.
Што пропушти утринава, сумираме во 30 минути
Петок, 9 Мај
Send us a text
Ретро петок во Евровизиско издани со Зорка и Менаџментот. Достапно само во наредните 7 дена. Ако пропуштивте утринава, клик на линкот!
Среда, 7 Мај
Send us a text
Ова утро зборувавме за штетниците во еко системот и на работното место. Што ни носи ретрограден Плутон? И каква е судбината на Македонка, нашата вести репортерка? Што пропуштивте утринава, преслушајте овде.
Вторник, 6 Мај
Send us a text
Во денешното издание на Тик Так и Зорка, зборувавме за имињата и нивното изговарање во различни средини. Кога Тик Так има право да ја нарекува Зорка- Зои?
Која е поентата на најинтересните и наиграни детски игри?
По повод вчерашниот ден на македонскиот јазик одомаќинуваме странски термини со македонски називи.
Се што пропуштивте денес, преслушајте овде
Понеделник, 5 Мај
Send us a text
По повод денот на македонскиот на македонскиот јазик правевме неколку модерни изведби на стари класици. Се сеќавате ли со кои песнички растевме ? И која од модерните изведби ќе ве погоди директно во срце?
Ако пропуштивте да слушате утринава, кликнете овде
Среда, 30 Април
Send us a text
Денес ве прашавме што Вашата омилена шољичка за кафе би рекла за Вас, доколку знаеше да зборува? Размислувавме за причините на перформансот на Радовишкиот Рамбо и ви дадовме неколку реченици кои можете да ги кажете на стоматолог но и во спалната соба. Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Вторник, 29 Април
Send us a text
Ако ќјарот и зијанот се браќа, која им е мајка? Се сеќавате ли на најинтересните песнички од детството кои ни помагале да одредиме кој брка а кој жмури? И неколку интересни факти за ден Вторник кои целосно ќе ве изненадат. Македонска денес на пауза, Тик Так во полн ефект. Што пропушти утринава, преслушај овде
Понеделник, 28 Април
Send us a text
По само едно читање вести, Македонка побара слободен ден. Тик Так ја објасни позадината на совршените Инстаграм фотографии, а Зорка освен што ги разјасни придобивките на спиењето на една или друга страна, ја објасни и поврзаноста на музичките инструменти во секојдневниот говор како објаснување за одредени состојби. Што пропуштивте утринава, сумирано во 30 минути.
Петок, 25 Април
Send us a text
Денес е ретро петок. Дискутраме за тоа кои се работите што не прават да се осеќаме стари. Тик Так и Зорка играат нова игра - што би рекле во непредвидлива ситуација.
Што пропушти утринава, сумираме во 30 минути
Четврток, 24 Април
Send us a text
Денес и правиме евалуација на Македонка која е со нас веќе 7 емисии. Дискутраме за тоа какви можат да бидат шефовите според типот на кафе кое го пијат и дискутраме за новиот изум од Дубаи, кој, мораме да признаеме, е малку корисен.
Она што го пропуштивте утринава ви го сумираме во 30 минути.
Среда, 23 Април
Send us a text
Денес- денот на Шекспировото раѓање, се обидовме да ви пренесеме дел од неговите најкористени фрази. А на тема фрази, Ви ги пренесовме и најшармантните фрази кон девојките. Прашања и одговори и многу смеа.
Се што пропуштивте, преслушајте овде
Понеделник, 22 Април
Send us a text
Денес, денот на планетата земја, Какви би биле како бренд- бившите ако ги анализираме? Ќе успее ли Зорка да ја погоди лажната од вистинските вести? Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Четврток, 17 Април
Send us a text
Утринава Тик Так и Зорка презентираа Балкански хороскоп, Македонка, нашата вештачка интелигенција одговараше на ваши прашања поврзани со административни работи, а Тик Так ја изгуби играта вистина или предизвик и мораше да се соочи со првиот од 30-те предизвици на Зорка. На самиот крај, мала дискусија околу начинот на запишување на телефонски броеви.
Среда, 16 Април 2025
Send us a text
Во денешното издание Тик Так требаше да погоди која вест е погрешна, Македонска, во стилот на вистински административец даде практични совети како да се извади извод од матична книга на родени, и објаснивме на баба што значи терминор РИЗ и доделивме две кратис карти за проекцијата на анимираниот филм Бунтовната Принцеза.
Сѐ што пропупшти утринава, сумирано во 30 минути!
Вторник,15 Април 2025
Send us a text
Денешното издание на утринската програма го посветивме на изумите кои се поврзани со 15ти Април, а откривме и кои се нештата кои ги купуваме а никогаш не ги користиме. Кои се правилата на среќниот брак и какви модули треба да поминат повратниците од странство кои треба да се адаптираат за живот дома?
Сѐ што пропуштивте, сумирано во 30 минути!
Понеделник, 14 Априк
Send us a text
Нова сезона на Тик Так и Зорка. Денес ви ја претставивме и нашата нова репортерка од терен, Македонка. Какви се хороскопските знаци како бивши партнери и кои се изразите кои младите ги користат за да го искажат статусот на врската, објаснети на начин за да и баба може да ги разбере. Се што пропуштивте утринава, преслушајте овде
Вторник, 30 Април
Send us a text
Денес бевме сведоци на еден емотивен крај. Се збогуваме со Зорка!